Детска стоматологија

DIAGNOdent Pen

За најпрецизно детектирање на кариес користиме ласерски детектор на кариес – DIAGNOdent Pen на светски познатиот производител KaVo.

Со помош на DIAGNOdent Pen се открива апроксимален кариес (меѓу забите), кариес во фисурите и почетен кариес уште во најраната фаза кога е можно сè уште да се делува превентивно или минимално инвазивно. Лоцирањето на скриениот кариес, пред да дојде до уништување на забната структура) е огромен пресврт во модерната стоматологија.

Другите дијагностички методи во откривањето на кариесот (рентгенски снимки и сондирање) имаат ограничена примена, особено во раните фази на развојот. Но, револуционерниот DIAGNOdent Pen овозможува лоцирање на скриениот кариес, а потоа со соодветен третман со Heal Ozone и негово ефикасно третирање пред да започне деструкцијата на забната структура.



Како функционира DIAGNOdent Pen?

Изменетата забна структура и бактериите даваат флуоресценција кога се изложени на специфична бранова должина на светлина.

Прочитајте повеќе ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ДЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА