Дигитална рентгенграфија

Нашата ординација е опремена со најсовремен дигитален рентген апарат ORTHOPHOS XG 5 на Sirona Dental кој нуди широк спектар на снимки со значително намалено ниво на радијација. Дигиталната технологија на снимање овозможува намалување на дозата на зрачење за пациентот и до 80 проценти. Предноста на дигиталните снимки е што на ваков тип на снимки можно да се зголемуваат и изоструваат одредени структури, може да се менува контрастот на снимката, да се користат различни филтри и други слични активности кои помагаат во поставувањето на точна дијагноза и прецизен план на лекување.

Пациентите снимките ги добиваат на CD, што овозможува и нивно повторно подоцнежно користење. Самото дигитално складирање овозможува едноставно ракување, складирање на поголем број на снимки, но и можност за праќање преку интернет.

За интраорални снимки користиме дигитален рентген апарат Kodak 2100 кој е поставен во непосредна близина на една од стоматолошките столици и овозможува правење на прецизни снимки уште во текот на работата (на пример при лекување на коренот на забот).

Типови на дентални рентгенски снимки
Прочитајте повеќе
Предности на дигитална рентгенграфија
Прочитајте повеќе ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА РАДИОГРАФИЈА