Ортодонција

Фиксни апарати

Метални брекети

Предности

- извонредна цврстина и отпорност;
- добра хигиена;
- помала цена.

Недостатоци

- намалена естетика;
- потребни се почести контроли (на пример во однос на само-лигирачките брекети).

Естетски (бели) брекети

Естетските брекети можат да бидат изработени од керамика или од специјално сафирно стакло (ICE брекети) кои се најпрозирни и најмалку видливи. Овие брекети се најпогодни за возрасни пациенти.

Предности

- Речиси незабележливи, солиден естетски изглед;
- хигиенски, овозможуваат добра орална хигиена.

Недостатоци

- помалку отпорни;
- повисока цена од стандардни метални брекети.

Прочитајте повеќе на www.iceclearbraces.com

Damon само-лигирачки брекети

Само-лигирачките брекети се најсовремен тип на брекети, кои имаат вградени вратички, што ја елиминира потребата за лигатури, а тоа е корисно од повеќе причини:

- се избегнува триењето меѓу жицата и брекетот па можат да се користат многу благи сили за придвижување на забите;
- се постигнува многу големо ширење на забните лаци и се добива простор со што може да се избегне вадењето на заби во голем број на случаи;
- се добива полна, широка насмевка;
- подобра фацијална естетика;
- помалку темни простори во аглите на устата;
- контролите се поретки;
- хигиената полесно се одржува.

Сите ортодонти не ги користат овие брекети. Ние го правиме тоа бидејќи сакаме нашите пациенти да имаат корист од оваа ефикасна и современа технологија. Овие брекети се достапни и во естетска (бела) варијанта.

Повеќе за овие брекети можете да видите на www.damonbraces.com.

Предности

- поблаги (побиолошки) сили на делување;
- полесно се шират забните лаци (на пример кај збиени заби, тесни вилици и сл.);
- поретки контроли;
- достапни во бела (естетска) варијанта;
- полесно одржување на орална хигиена;
- нема потреба од лигатури (елементи со кои се поврзуваат брекетите со жицата);
- во повеќето случаи третманот трае пократко;
- помала болка и непријатност.

Недостатоци

- естетската варијанта е помалку отпорна
- повисока цена од стандардните метални брекети

Лингвални (внатрешни) брекети

Овие брекети се поставуваат на внатрешната површина на забите и се единствените вистински невидливи протези. Сите нивни делови се поставени позади забите и се добар избор за возрасни пациенти. Современата лингвална ортодонција обезбедува највисок квалитет на фиксните ортодонтски апарати и највисок степен на естетика во тек на терапијата. По поставувањето на лингвалните брекети, пациентите чувствуваат мали проблеми со изговорот на некои зборови, непријатност на јазикот и слично, но обично овие проблеми исчезнуваат по 10 дена.

Повеќето ортодонтски аномалии можат да бидат третирани со лингвална ортодонција, но таа не е решение за секој случај. Лингвалните фиксни апарати се поскапи од надворешните, заради опремата која се користи за позиционирање на брекетите на внатрешните површини.

Предности

- сосема невидливи;
- поголема самодоверба кај пациентот;
- прв избор на третман кај пациенти на кои естетиката им е на прво место;

Недостатоци

- дискомфорт на јазикот;
- на почетокот на терпијата проблем со говорот;
- повисока цена;





Инструкции за хигиена со фиксни апарати и исхрана ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ОРТОДОНЦИЈА