Протетика

Коронки

Коронките претставуваат реставрации кои гo покриваат најголемиот дел од површината на забот, а служат да ги зајакнат забите кои се оштетени, напукнати или скршени со цел да се зачува нивната функционалност, а истовремено имаат и одлична естетика.

Коронките се добар избор во случаи кога:

- голем дел од забот е оштетен од кариес и нема доволно забна структура за да може да се стави пломба и да се зачува функционалноста;
- доколку голем дел од забот е скршен и не може да се надогради со класична пломба;
- по лекување на коренските канали често се препорачува коронка за да се зајакне забот, бидејќи по завршената терапија забот е лесно кршлив;
- ако шкрипите со забите или ако постојат абразии и голем дел од забната супстанција е истрошена;
- при поставување на имплант кој го надоместува забот кој недостасува, коронката се става над носачот на имплантот;
- од естетски причини.

Типови на коронки

Ние Ви нудиме неколку различни типови на коронки:

1. Метал-керамички коронки со челична основа

Овие коронки имаат метална структура од челик која ја дава цврстината на коронката и порцелански естетски слој над неа. Овие коронки имаат масовна примена, со исклучок на пациенти кои се пречувствителни на одредени метали.

2. Метал-керамички коронки со титаниумска основа

Овие коронки имаат метална структура од титаниум и порцелански естетски слој над неа. Предностите на оваа коронка се поголема естетика, подобра компатибилност во однос на гингивата и подоборо налегнување на коронката.

3. Безметални коронки

Безметалните коронки немаат метална структура, туку нивната основа е од циркониум или пресувана керамика, која e поцврста, полесна и има поголема биокомпатибилност. Овие коронки имаат највисока естетика и се одличен избор за предните заби.

Денталниот порцелан има извонредна способност да ја репродуцира и формата и функцијата на природниот заб. Без оглед за кој тип на процеланска коронка се работи, порцеланот дава одлична естетика, долгорочност и издржливост.

Дали коронките се секогаш најдобра опција?

Коронките не би требало да Ви бидат прв избор САМО заради постигнување на соодветна естетика на забите бидејќи при подотовката на забите за кoронки се струга дел од забната супстанција. Доколку се работи само за подобрување на естетиката, поразговарајте со нашите доктори за други можности.

Коронките се добар избор кога освен естетски подобрувања, треба да се постигне и поголема јачина на забот, во услови кога коренот на забот е здрав, но забната коронка е премногу оштетена (од кариес) или скршена или по лекување на коренските канали, за да забот биде поотпорен.