Ортодонција

Што е малоклузија?

Малоклузија е состојба во која постои отстапување од нормалниот меѓусебен однос на забите во истиот дентален лак и/или во однос на забите од спротивниот дентален лак.

Типови на малоклузии (неправилен загриз)

Следните прикажани малоклузии може да се јават сами или во меѓусебна комбинација:

Неутрална оклузија

Кај неутрална оклузија односот помеѓу горната и долната вилица е правилен, но тој тип на оклузија може да се појави во комбинација со збиеност, растреситост или протрузија на забите.

Збиеност

Ова е најчестата малоклузија. Се јавува кога постои несоодветност меѓу големината на забите и просторот во вилиците кој е потребен за нивно сместување, заради предвремено вадење на некој млечен заб, а понекогаш може да се јави и подоцна во животот при никнување на умниците.

Можни последици:
- зголемен ризик од кариес: бидејќи е многу тешко да се чистат забите, често се јавува кариес и воспаление на гингивата;
- рецесија (повлекување) на гингивата.

Лево: пред ортодонтска терапија, десно: завршеток на терапија
ПРОСТОРИ МЕЃУ ЗАБИТЕ (РАСТРЕСИТОСТ)

Кај некои пациенти постојат простори меѓу предните заби како резултат на несоодветност помеѓу големината на забите и големината на вилиците. Понекогаш овие простори можат да се камуфлираат со естетски пломби, а во голем број на случаи е потребна ортодонтска терапија пред естетската реставрација. Просторите кои се јавуваат меѓу забите заради загуба (вадење) на заб би требало веднаш да се надоместат бидејќи во спротивно доаѓа до инклинирање на соседните заби или спуштање на забот антагонист во празниот простор.

Лево: пред ортодонтска терапија, десно: завршеток на терапија
ДИСТАЛНА ОКЛУЗИЈА

Дисталната оклузија (кога горната вилица е многу понапред од долната) е многу честа форма на малоклузија. Кај овие случаи најчесто долната вилица е премногу назад со што постои голем простор меѓу горните и долните заби.

Можни последици:
- длабок загриз: инцизивите на долната вилица завршуваат во гингивата на горните и ја повредуваат палатиналанта мукоза;
- повреда: ризикот од повреда на инзицивите (на пример при физичка активност) е голем бидејќи усните не се во позиција да ги штитат забите;
- збиеност: забните лаци колабираат бидејќи немаат меѓусебна поддршка;
- болка во зглобот: кога забите се во ваква позиција, зглобот е подложен на прекумерен стрес. Како резултат на тоа може да настане болка во зглобот, крцкање и ограничено движење.

Лево: пред ортодонтска терапија, десно: завршеток на терапија
Стрм загриз

Стрм загриз (Deckbiss) е тип на малоклузија при која дел од горните предни заби се типично инклинирани наназад, а останатите се инклинирани кон напред, што е најчесто комбинирано со дистална положба на долната вилица.

Можни последици:
- длабок загриз: долните инцизиви удираат во гингивата и ја повредуваат палатиналната мукоза;
- повреда: ризикот од повреда на инцизивите (на пример при физичка активност) е голем бидејќи усните не се во позиција да ги штитат забите;
- збиеност: забните лаци колабираат бидејќи немаат меѓусебна поддршка;
- Болка во зглобот: кога забите се во ваква позиција, зглобот е подложен на прекумерен стрес. Како резултат на тоа може да настане болка во зглобот, крцкање и ограничено движење.

Лево: пред ортодонтска терапија, десно: завршеток на терапија
МЕЗИЈАЛНА ОКЛУЗИЈА (ПРОГЕН ЗАГРИЗ)

Во овој случај долната вилица е пред горната вилица.

Можни последици:
- вкрстен загриз: предните заби удираат раб на раб. Ваквата форма на малоклузија води кон екстремна атриција (трошење) на забниот емајл;
- болка во зглобот: кога забите се во ваква позиција, зглобот е подложен на прекумерен стрес. Како резултат на тоа може да настане болка во зглобот, крцкање и ограничено движење;
- простори меѓу забите;
- рецесија (повлекување на гингивата).

Лево: пред ортодонтска терапија, десно: завршеток на терапија
ВКРСТЕН ЗАГРИЗ

Кај латерален вкрстен загриз, долните бочни заби одат преку горните бочни заби. Вкрстениот загриз може да биде присутен на една страна, на двете страни или на предните заби.

Можни последици:
- асиметрично лице: доколку оваа состојба не се третира, води кон деформиран развој на долната вилица кон страната на вкрстениот загриз;
- болка во зглобот: кога забите се во ваква позиција, зглобот е подложен на прекумерен стрес. Како резултат на тоа може да настане болка во зглобот, крцкање и ограничено движење;
- рецесија (повлекување на гингивата).

Лево: пред ортодонтска терапија, десно: завршеток на терапија
ОТВОРЕН ЗАГРИЗ

При отворен загриз горните и долните заби не се во меѓусебен контакт дури и кога вилицата е затворена.

Можни последици:
- синдром на долго лице: заради вертикалниот раст на долната вилица, лицето кај овие пациенти изгледа многу издолжено;
- болка во зглобот: кога забите се во ваква позиција, зглобот е подложен на прекумерен стрес. Како резултат на тоа може да настане болка во зглобот, крцкање и ограничено движење;
- проблем со загризување и џвакање: капацитетот за џвакање кај овие пациенти е значително намален.

Лево: пред ортодонтска терапија, десно: завршеток на терапија
ДЛАБОК ЗАГРИЗ

Оваа аномалија се карактеризира со прекумерно вертикално преклопување на предните заби, во најтешки случаи долните секачи го допираат непцето зад горните заби.

Можни последици:
- рецесија (повлекување на гингивата);
- атриција (трошење на забниот емајл);
- болка во зглобот: кога забите се во ваква позиција, зглобот е подложен на прекумерен стрес. Како резултат на тоа може да настане болка во зглобот, крцкање и ограничено движење.

Лево: пред ортодонтска терапија, десно: завршеток на терапија
ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ОРТОДОНЦИЈА