Протетика

Мостови

Мостот е една од опциите за надоместување на забите кои недостасуваат. Мостот всушност е сочинет едноставно од повеќе коронки кои се поврзани заедно за да го надоместат забот кој недостасува. Со самото надоместување на забот кој недостасува се подобрува функцијата и подреденоста на забите, а со тоа се превенираат идни проблеми и компликации.

Со мостовите:

- се враќа нормалното џвакање и зборување;
- се одржува формата на лицето;
- се постигнува еднаква распределба на џвакалните сили преку надоместување на изгубените заби;
- преостанатите заби се задржуваат на нивната позиција.