Белење на забите

Опции за белење

Професионално белење во стоматолошка ординација

Главната предност на оваа постапка е значително подобрување на бојата за кратко време (најчесто 1-2 посети). При ваквата процедура прво се става заштитен гел за гингивата и меките ткива, а потоа на забите се става средството за белење со висока концентрација на активната состојка за белење. Најчесто средството се остава да делува на забите во интервали од 15-20 мин. Кај поизразени пребојувања може да биде потребно постапката да се повтори и/или да се дополни и со систем за домашно белење.

Консултирајте нè во поглед на тоа колку посети се потребни и какви ефекти можете да очекувате со овој начин на белење.

Домашно белење со употреба на професионални средства за белење

Предноста на овој систем за белење се долгорочни резултати кои се постигнуваат со средства за белење со пониска концентрација на активната состојка за белење и комфорот на третман во Вашиот дом. Во овој случај професионалното средство за белење се става во соодветни трејови за белење кои се изработуваат индивидуално врз основа на отпечаток од Вашите заби. Ваквите трејови се носат неколку часа во текот на денот или ноќта (зависно од препораките на стоматологот).

Фрекфенцијата на ставање, должината на носење и потенцијалните несакани ефекти варираат индивидуално. Контактирајте нè, закажете преглед и информирајте се околу сите прашања.

Пасти за заби со ефект на белење и средства за белење од продавница

Сите пасти за заби помагаат во отстранување на дамките заради тоа што во себе содржат блага абразивна супстанција. Пастите за заби со ефект на белење, освен абразивната супстанција содржат и специјални агенси кои овозможуваат дополнителна ефикасност при отстранувањето на дамките. Но, за разлика од професионалните средства за белење, тие не ја менуваат бојата на забите, туку само ги отстрануваат дамките од површината. Ви препорачуваме да побарате совет од нашите доктори дали ваквите пасти се добар избор во Вашиот случај.

Предноста на средствата за белење кои се достапни за купување во продавница е нивната ниска цена во однос на останатите методи. Овие средства имаат пониска концентрација на активна состојка за белење отколку оние за професионално белење. Самото средство се става на забите преку универзални трејови, преку ленти за белење и сл. Во повеќето случаи на овој начин се избелуваат само предните заби, за разлика од употребата на трејови кои се индивидуално изработени.

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ