Ортодонција

Ортодонција кај возрасни

Фиксните апарати не се повеќе наменети исклучиво за деца. Патот кон Вашата нова насмевка може да започне уште денес.

Ортодонтскиот третман во подоцнежниот период на Вашиот живот може во голема мера да придонесе во подобрување на Вашиот изглед и Вашата самодоверба. Се разбира еднакво важно е и подобрување на здравјето на Вашите заби и на потпорниот апарат на забите. Ортодонтските неправилности кои се долго време нетретирани може да доведат до загуба на коска, поголема фрекфенција на кариес (на пример кај збиени заби), прекумерно трошење на забната супстанција, главоболки, болки во виличниот зглоб итн.

Нашата ординација Ви нуди различни третмани со многу предности во поглед на естетиката, но и на Вашето време. Ви нудиме опции со намален дискомфор, со помал број на посети, скретно време на третман и одлична естетика. За време на првиот преглед ортодонтот ќе ги одреди најдобрите можности за третман на Вашиот случај.

Консултирајте ги нашите ортодонти која опција е најсоодветна според Вашите барања.

Проблеми со виличниот зглоб

Дали е можен третман: ДА
Симптоми: Забоболка, болка во вилицата, вратот и зглобот
Причини: Траума, бруксизам, малоклузија, дегенеративни болести
Третман: Ортодонтски третман, оклузален сплинт, позиционер

Темпоромандибуларниот зглоб (ТМЗ) ја поврзува мандибулата (долната вилица) со слепоочната коска на черепот.

ТМЗ главно го координира движењето на вилицата, па заради тоа било какво нарушување на овој дел ќе влијае на флексибилноста на вилицата. Нарушувањето на ТМЗ може да предзивика интензивна болка, повремена или константна, кракотрајна или долготрајна, потоа болка при зборување, зевање, џвакање и било какво друго движење на вилицата; болка може да се јави и при мирување на зглобот.

Прочитајте повеќе

Умници и ортодонција

Умниците се третите молари кои најчесто никнуваат околу 20 година. Понекогаш овие заби се од исклучително значење, особено кога се здрави и добро подредени, но почесто имаат лоша позиција и е потребно нивно отстранување.

Прочитајте повеќе
Ортодонтски апарати за возрасни

Кај возрасни пациенти можни се повеќе видови на фиксни апарати кои ги исполнуваат најчестите критериуми на естетика и функционалност.

Прочитајте повеќе

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ОРТОДОНЦИЈА