Ортодонција

Што е ортодонција?

Првиот систем го подразбира дишењето преку нос. Доколку детето во поголем дел од времето дише преку уста, а не преку нос, може да дојде до одредена промена во растот на вилиците и на структурите на лицето. За оваа состојба е важно да се препознае на време, да се третира уште во рана фаза, со цел растот да продолжи во поволен правец.

Вториот систем ги опфаќа мускулите: мускулите за фацијална експресија, мускулите за мастикација (џвакање) и мускулите на јазикот. Сите тие имаат значајно влијание во развојот на денталната и лицева рамнотежа.

Третиот систем е скелетниот (коскен). Во овој систем се опфатени меѓусебниот однос на горната и долната вилица, односот на вилиците со другите коски на главата, но и со забите. Скелетниот проблем може да се одреди преку правилна анализа на рентгенски снимки.

Четвртиот систем ги опфаќа забите. Положбата на забите ја одредуваат мускулите на лицето и устата, растот на вилиците и начинот на дишење.

Заради сето ова, очигледно е дека пред да се даде предлог за третман за било каков проблем, мора да се направи комплетна анализа (ортопантомограм, телерентгенска снимка и нејзина анализа, анализа на студиски модели, анализа на функциите и лицевата мускулатура и сл.) за да се види дали постои проблем со дишење, проблем со лицевата мускулатура, скелетен проблем или дентален проблем. Вообичаено се работи за комбинација од две или три од овие состојби.

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ОРТОДОНЦИЈА