Ортодонција

Ортодонтски апарати

Мобилни апарати

Во случаите кога е индициран ортодонтски третман кај деца на возраст меѓу 8 и 14 години, често се користат мобилни апарати, сe додека детето има млечни заби. Овие апарати се наменети да го стимулираат растот на недоволно развиени делови на вилицата или да го контролираат растот кај прекумерно развиени вилици, зависно од типот на апаратот.

ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА МОБИЛНИТЕ АПАРАТИ

Предности

- Не се фиксирани на забите
- Хигиенски се (лесно се одржува оралната хигиена)
- Се користат во периодите на интензивен раст на детето

Недостатоци

- Потребна е соработка од детето за нивно редовно носење
- Со нив не е можно да се корегираат сите неправилности на забите и вилиците
- Во почетокот можни се потешкотии во говорот

Видови мобилни апарати
Прочитајте повеќе
Фиксни апарати

Најефикасен начин за решавање на ортодонтските аномалии е фиксната ортодонтска терапија. Фиксните ортодонтски апарати се состојат од брекети кои се лепат со специјален ортодонтски лепак на претходно припремената површина на забите. Фиксните апарати можат да бидат поставени на надворешните површини или на внатрешните (лингвални) површини на забите. Брекетите можат да бидат метални или естетски (бели) во зависност од желбата на пациентот.

Во брекетите се вметнува жичен лак, кој на контролите се менува по потреба.

Лакот може да биде врзан за брекетите со:
- Eластични лигатури (ластичиња) - безбојни или во различни бои по желба на пациентот;
- жичани лигатури;
- без лигатури, кога брекетите имаат вратички кои се затвораат.

Видови фиксни апарати
Прочитајте повеќе
Останати апарати
Прочитајте повеќе ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ОРТОДОНЦИЈА