Ортодонција

Ортодонтски преглед: кога и зошто?

Секоја насмевка започнува со првична консултација. На првиот преглед имате можност да го запознаете нашиот тим и нашата ординација. Првата средба се состои од ортодонтски преглед и консултација, презентација на можните опции за третман кои се најсоодветни за Вашиот случај.

Со задоволство ќе Ви одговориме на Вашите прашања и ќе одредиме кој тип на терапија е најсоодветен за Вас.

Контактирајте ја нашата ординација за да закажете бесплатен прв преглед!

Прва посета на ортодонт

Првата посета на детето кај ортодонт треба да биде во седмата година од животот. При таа посета ќе Ви биде објаснет карактерот на малоклузијата, можностите за терапија и возраста во која треба да се почне со терапија. Ако има потреба, се разгледува можноста за рана (интерцептивна) терапија или се утврдува распоред на посети со кои се следи растот до моментот на почеток на терапијата. Исто така понекогаш е потребно да се направи панорамска слика на сите заби (ортопантомограм). За да се добие одговор на некои прашања понекогаш е потребно да се направат и други рентген снимки, но и истите да се анализираат. Одредени неправилности е препорачливо да се третираат порано за да не се развијат во посериозен проблем кој подоцна потешко се решава, но сепак најголем број од аномалиите е најдобро да се третираат меѓу 8 и 14 година од животот.

Важно е да се нагласи дека не постои возрасна граница за ортодонтска терапија. Нeправилностите во положбата на забите и вилиците можат да се решат на секоја возраст.

Во кој случај да посетите ортодонт за Вашето дете?

- ако ги изгуби млечните заби прерано или премногу доцна;
- ако има потешкотии со гризење или џвакање;
- ако дишe на уста;
- ако цица палец или прст;
- ако има збиени, неправилно поставени заби;
- ако вилицата и забите не се пропорционални со остатокот на лицето.

Закажете бесплатен прв преглед и консултација за првична проценка!

Стручна консултација со тим ортодонти

Ако имате некои дилеми во однос на планот на терапија или едноставно сакате уште едно мислење, во нашата ординација Ви стојат на располагање четири специјалисти по ортодонција. Секоја недела се одржуваат консултации за поедини случаи во кои по потреба учествуваат и доктори кои работат протетика и естетска стоматологија.

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ОРТОДОНЦИЈА