Општа стоматологија

Пломби

Пломбите се најчест тип на реставрација во стоматологијата. Тие го надоместуваат делот од забот кој е уништен со кариес или е откршен. Една од можностите за реставрација на забот се белите пломби, односно композитните пломби.

Амалгамски пломби (лево), нови композитни пломби (десно)

Откако ќе се постави дијагнозата за кариес преку визуелна инспекција, рентген снимки и/или ласерски со DIAGNOdent, дефектите се затвораат со модерни материјали со највисоки стандарди кои ги исполнуваат и најспецифичните барања од естетски и функционален аспект.

При Вашата посета можеме детално да дискутираме за различни материјали, нивните предности и недостатоци за да најдеме најоптимално решение за Вас.

Преобликување на забите

Преобликување (контурирање) на забите е техника со која се менува формата и должината на забите. Оваа метода често се користи по завршување на активната ортодонтска терапија, во случаи кога природната форма и должина на забот не соодветствуваат со новата насмевка.

Предности на оваа метода се:

- изгледа естетски и природно;
- безболна метода;
- не се отстранува или минимално се отстранува забна субстанција;
- може да се повторува неограничен број пати (по потреба);
- неагресивно се пристапува кон забната структура;
- цената е доста пониска во однос на алтернативите (ламинати, коронки).