Протетика

Порцелански фасети

Порцеланските фасети претставуваат тенок слој на материјал (порцелан) кои се ставаат над предната површина на забите со што се менува бојата и/или формата и големината на забот. Заради нивната минимална дебелина, максимално се штеди забната супстанција.

Порцелански фасети се користат:

- за да се прекријат површините на пребоени заби кај кои не е можно белење;
- за затворање на простори меѓу забите;
- за корекција на формата и/или должината на забите;
- за подобрување на изгледот на оштетeни заби (од кариес) или скршени заби (од траума).