Дигитална рентгенграфија

Предности на дигитална рентгенграфија

Редуцирање на дозата на јонизирачко зрачење

Дозата на јонизирачко зрачење e значително намалена во однос на конвенционалните рентген филмови и до 75 проценти.

Конкретните дози зависат од типот на снимката.

Модификација на снимката (прегледност и прецизност на деталите на снимката)

Софтверскиот програм овозможува користење на различни алатки со кои е можно да се прават најразлични модификации на снимката. Па, така на пример можно е зголемување на снимките и зголемување на одредени детали, зголемување на контрастот, снимките може да се осветлат или затемнат, можно е да се направи мерење (особено за цефалометриски анализи), филтрирање и сл.

Подобрување на квалитетот на снимката

Една од главните предности на дигиталните рентгенски снимки е одличен квалитет на самата снимка. Самите снимки се јасни, прецизни и на нив се видливи многу повеќе детали отколку на конвенционалните снимки.

Заштеда на време

Бидејќи снимката се добива на екранот веднаш по експозицијата, го нема непотребното чекање да се развие филмот. Снимката за неколку секунди е веќе на екранот.

Архивирање

Вашата снимка останува архивирана во нашиот софтвер, а Вие добивате примерок на CD. Снимката може да се меморира на различни медиуми, а исто така може да се испраќа и преку интернет. Нема повеќе изгубени снимки и повторно зрачење.

Не е штетно за околината

Не се користат штетни хемикалии како кај конвенционалните снимки, што оди во прилог на зачувување на околината.

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА РАДИОГРАФИЈА