Пародонтална болест

Превенција на пародонтална болест

Кај најголемиот број пациенти пародонталната болест може да се превенира. Најчести ризик фактори се фамилијарна предиспонираност, потоа пушење, неизбалансирана исхрана и се разбира стрес. Во ризик фактори спаѓаат и системски нарушувања (на пр. дијабетес и други метаболни наршувања, ХИВ, хепатитс, имунолошки нарушувања итн.).




Првиот чекор е елиминирање на ризик факторите (каде што е можно), а понатаму најважни параметри за превенција на пародонталната болест се оптимална орална хигиена и редовни посети на стоматолог.