Белење на забите

Причини за потемнување на забите

Емајлот на забот е сочинет од микроскопски кристални призми кои ги штитат забите, но со тек на време можно е да се појават микроскопски пукнатини преку кои се открива жолтеникавата боја на дентинот. Разни пребојувања и дебрис се насобира меѓу ваквите пукнатини во кристалните призми на емајлот заради што севкупната боја на забот станува потемна.

ГЕНЕТИКА

Секој пациент има одредена нијанса на боја на забите која може да варира од жолтеникава/кафеавкаста до сивкаста. Жолтеникавите/кафеавкасти заби обично подобро реагираат на третманите за белење отколу сивкастите заби. Секој од нас се раѓа со генетска предиспозицја за транслуценција и дебелина на емајлот. Забите кои се природно помалку транспарентни и со поголема дебелина на емајлот се посветли и подобро реагираат на третманите за избелување. Од друга страна, потранспарентните заби со помала дебелина на емајл (особено предните заби) имаат помалку природен бел пигмент кој е неопходен за процесот на избелување да функционира.

ВРЕМЕ/ВОЗРАСТ

Постои директна поврзаност меѓу возраста и бојата на забите. Почнувајќи уште во дваесеттите години од животот, забите почнуваат да пожолтуваат и потемнуваат. Како што минува времето, пребојувањата кои не се третираат стануваат потешки за отстранување. До педесетгодишна возраст, забите апсорбираат мноштво од дамки кои е тешко, но не и невозможно да се отстранат.

ПОВРЕДИ

Повредите од различен вид можат да предизвикаат големи пукнатини во забите во кои се собира дебрис и се формираат разни пребојувања. Дури и повреди во раната возраст, можат да дадат подоцнежни пребојувања на забот (дури и по неколку години).

БРУКСИЗАМ (Шкрипење со забите)

Лошата навика на шкрипење со забите, која најчесто е резултат на стрес, може да предзивика создавање на нови или го зголемува бројот на постоечки микро-пукнатини во емајлот што на крајот резултира со потемнување на рабовите на забите.

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Темно обоени пијалоци и храна како на пример кафе, кока-кола, чај, црвено вино, моркови и сл. често предизивкуваат пребојување во услови кога се консумираат често во долг период на време. Киселата компонента во пијалоците, како на пример во кока колата, или во јужното овошје придонесува за ерозии на емајлот и изложување на дентинот.

ЦИГАРИ

Никотиниот во цигарите остава кафеавкасти депозити кои навлегуваат длабоко во забот и предизивкуваат внатрешна дисколорација.

ЛЕКОВИ

Употребата на тетрациклини во период кога се формираат забите дава кафеавкасти или сивкасти пребојувања кои е многу тешко да се отстранат. Прекумерниот внес на флуориди може да предизивка флуороза, појава на бели петна на одредени полиња од забот и слични проблеми.

Типови на пребојувања

Постојат два типови на пребојувања на забите кои се соодветно поделени на внатрешни и надворешни.

Внатрешни пребојувања се резултат на стареење, изложеност на одреден тип на лекови (како на пример тетрациклини), прекумерен внес на флуориди или траума.

Надворешните дамки се формираат на површината на забот и вообичаено се резултат на внес на темна, обоена храна, пијалоци или цигари. Со тек на време ваквите пребојувања навлегуваат во дентинот и се интегрираат во самиот заб доколку не се отстранат брзо.

До неодамна се сметаше дека внатрешните дамки се отпорни на белење, но со напредокот во стоматологијата се постигнати решенија за корекција дури и на најдлабоките дамки.

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ