Ортодонција

Рана ортодонтска терапија

Цел на раната (интерцептивна) терапија е спречување на развојот на аномалијата во потежок проблем кој подоцна потешко се решава. Интерцептивата може да ја направи понатамошната ортодонтска терапија непотребна или поедоставна и пократка. Со интервенирање во рана возраст може да се спречи подоцнежното вадење на заби, може да се исправат одредени неправилности како на пример обратен преклоп (кога долните заби се преку горните) или вкрстен загриз.


Со овој тип на терапија му се помага на детето да престане со лоши навики како што се цицање на прст, дишење преку уста и сл.

Терапијата се спроведува со различни апарати, како на пример вестибуларни плочи, ортодонтски трејнери, миофункционални стимулатори и сл.

Трејнери во рана ортодонтска терапија
Зошто е потребен интерцептивен ортодонтски третман кај мали деца?

Предноста на прегледот во рана возраст, како и на раната (интерцептивна) ортодонција е што се овозможува да се пренасочи растот и развојот во поволен правец во право време. Имено, во периодот на тинејџерските години, 90% од растот на лицето е веќе завршен, и на тој начин значително се редуцира влијанието кое би можел да го има ортодонтот.

Со раната ортодонтска терaпија може:

- да се корегира и води растот на вилицата што придонесува забите да еруптираат во поволна позиција;
- да се регулира ширината на горниот и на долниот забен лак;
- да се направи повеќе простор за збиените заби;
- да се избегне понатамошна екстракција (вадење) на трајните заби;
- да се корегира навиката на цицање на палец;
- да помогне во корекција на мали проблеми во говорот.

Денес постојат повеќе можности за третман за кој нашите ортодонти со задоволство ќе Ви посочат кој е најсоодветен за Вашето дете.

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ОРТОДОНЦИЈА