Ортодонција

Ретенција

По завршетокот на активната ортодонтска терапија следи период на ретенција, во кој треба да се здржи постигнатиот резултат. Имено, забите се придвижуваат во текот на целиот живот, заради што е потребно да се носат фиксни и мобилни ретејнери.

Фиксните ретејнери се залепени на внатрешните (лингвални) површини на забите во фронтот и се носат повеќе години (траењето на ретенциониот период зависи од видот на неправилноста). Фиксниот ретејнер се состои од тенка жица или специјална трака залепена на внатрешните површини, не е видлив и не пречи на пациентот.

Лево: жичен ретејнер, десно: Ribbond трака за ретенција

Мобилните (подвижни) ретејнери се носат обично една година по вадењето на фиксните апарати и тоа ноќе и неколку часа во текот на денот и можат да бидат различни, во зависност од случајот.

Мобилни ретејнери - Лево: фолија, десно: акрилатна плоча Damon splint како ретенционен апарат ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ОРТОДОНЦИЈА