Белење на забите

Ризици при белење на забите

Третманите за белење воглавно се сметаат за безбедни, но сепак постојат одредени несакани ефекти за кои би требало да сте свесни пред започнување на третманот.

Чувствителност

Белењето може да предизивика привремена зголемена чувствителност на забите на температура, притисок и допир. Понекогаш се возможни и спонтани сензации кои пациентите ги опишуваат како минување на струја низ забот.

Пациенти кај кои е можна оваа појава се оние кај кои постои рецесија (повлекување) на гингивата и оголување на вратот на забот, пукнатини на забот или пломбите.

Решение: Нашите доктори ќе Ви препорачаат соодветна заштита за забите со која се превенира или отстранува оваа несакана појава.

Иритација на гингивата

Кај одреден број на пациенти се јавува иритација на гингивата заради нејзин контакт со средството за белење. Оваа појава многу ретко се случува при третманите во ординација, бидејќи тогаш гинигвата соодветно се заштитува уште пред почетокот на третманот. Кај белењето во домашни услови со професионални средства, оваа несакана појава е поретка, бидејќи трејовите во кои се става средството се индивидуално изработени според отпечатокот од Вашите заби. Најчесто се случува при белење во домашни услови без претходна консултација и препорака од стоматолог околу начинот и фреквенцијата на ставање, како и количината на средството за белење.

Решение: По прегледот нашите доктори ќе Ви предложат соодветна заштита и препораки во однос на фрекфенцијата и начинот на користење на средството за белење со цел да се избегне оваа несакана појава.

Заби во повеќе бои

Бидејќи средството за белење не делува на пломбите, коронките и ламинатите, тие ја задржуваат својата боја, додека забната површина ја менува бојата. Заради тоа може да се случи еден заб да има повеќе нијанси.

Решение: По завршување на треманот на белење можна е промена на пломбите, откако ќе се постигне посакуваната нијанса.

Закажете преглед и откријте која опција е најдобра за Вас и како најдолго да ги одржите резултатите од белењето.

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ