Дигитална рентгенграфија

Типови на дентални ретнгенски снимки

Постојат два главни типови на дентални рентген снимки: екстраорални (што значи дека филмот/сензорот е надвор од устата) и интраорални (што значи дека филмот/сензорот е во устата).

Екстрaоралните снимки се користат за да се набљудува растот и развојот на вилиците, се визуелзира ТМЗ (виличниот зглоб) и се проценуваат потенцијални проблеми меѓу забите, вилиците и коските на лицето и сл.

Постојат повеќе типови на интраорални снимки и секоја од нив прикажува различен аспект на забот. За овој тип на снимки ние го користиме дигиталниот ORTHOPHOS XG 5, како и дигиталниот Кодак 2100 со кој е можно овие снимки да се направат и во текот на работата, додека е пациентот на самиот стол.

Типови на екстрорални снимки кои може да се направат на ORTHOPHOS XG 5
Видови на панорамски снимки

Панорамска снимка-ортопантомограм

Панорамската снимка е најчест тип на снимка на која се гледа целокупната максилофацијална регија, вклучително и темпоромандибуларните (вилични) зглобови. На оваа снимка се прикажaни забите во горната и долната вилица истовремено, можат да се воочат патолошки процеси околу коренот на забите, состојбата на коската, се гледаат импактирани заби, се гледа позицијата на изникнатите и на неизникнатите заби, се гледа евентуално постоење на цисти и помага во дијагностицирање на одредени типови на тумори. Дијагностички е најважна снимка за навремено откривање на болестите на забите и на околните ткива.

Панорамска снимка на левата половина-лев полуортопан

Со оваа снимка се прикажуваат горните и долните заби само на левата страна без сенката која обично ја дава ʾрбетот.

Панорамска снимка на десната половина-десен полуортопан

Со оваа снимка се прикажуваат горните и долните заби само на десната страна без сенката која обично ја дава ʾрбетот.

Панорамска снимка, со редуцирани артефакти

Кај овој тип на снимка се избегнуваат артефактите во пределот на кондилите и на моларите, и исто така се редуцираат сенките од спротивната вилица.

Панорамска снимка, со зголемување

Овој тип на снимка има константно зголемување од 1.25, кое на пример може да се користи за мерење на должина со употреба на референтен објект. Најчеста примена има во имплантологијата.

Панорамска снимка за деца

Бидејќи оваа снимка е наменета за деца, дозата на зрачење е значително намалена. Исто така е намалено и вкупното време на експозиција. На оваа снимка се гледаат млечните заби, зачетоците на трајните заби и нивната позиција и евентуално присуство на некои аномалии и патолошки процеси.

Панорамска снимка во пределот на предните заби

Со оваа снимка се прикажува пределот на предните заби со поголема ширина на пресекот која е корисна на пример во имплантологијата.

Снимка на виличниот зглоб

Оваа снимка е латерален приказ на виличните зглобови со отворена и со затворена уста. На крајот се добиваат четири слики на една снимка (од двата вилични зглобови, со отворена и со затворена уста) кои се користат за функционална дијагностика.

Снимка на синуси

Со оваа снимка се визуелизираат параназалните синуси. Помага во дијагностицирање на воспалителни процеси во максиларните синуси, но и во дијагностицирање на фрактури на подот на орбитата.

Цефалометриски снимки

Цефалометриските снимки претставуваат снимки на лицето на кои се гледаат коскените структури, но и мекото ткиво. Можни се во следните проекции: АП-антеро-постериорна, ПА-постеро-антериорна и ЛЛ-латеро-латерална проекција.

ПА снимка - постериорно-антериорна снимка

На оваа снимка има целосен приказ од постериорно кон антериорно. Овој програм е погоден за полу-аксијални кранијални снимки.

АП снимка-антериорно-постериорна снимка

На оваа снимка има целосен приказ од антериорно кон постериорно. Овој програм е погоден за полу-аксијални кранијални снимки.

Латерална снимка - телерентген

Оваа снимка претставува профилен приказ кој начесто се користи во ортодонцијата за одредување на соодносот на горната и долната вилица и типот на раст. Постојат две варијации во можноста за снимање, на едната снимка е изоставен задниот дел од главата, додека на другиот тип на снимка има латерален приказ на кој е визуелизирана целата глава.

Снимка на шака

Снимката на шаката се користи за да се одреди фазата на раст на телото, односно вилицата.

Типови на интраорални снимки кои може да се направат на ORTHOPHOS XG 5 и на Кодак 2100
Загризни снимки

Прикажуваат детали на горните и долните заби во еден регион на устата. Кај овој тип на снимка се гледа коронката на забот приближно до ниво на потпорната коска. Загризните снимки се користат за детектирање на кариес меѓу забите и за промени во густината на коската најчесто предизвикани од заболувања на гингивата. Исто така овие снимки се користат во одредување на правилното налегнување на коронки и на рабното затворање на пломбите.

Периапикални снимки

Го прикaжуваат целиот заб, односно целата коронка, целиот корен и околната коска. Овој тип на снимки се користи за да се детектираат абнормалности во структурата на коренот и на околното коскено ткиво. Исто така, често се користат при лекување на коренските канали.

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА РАДИОГРАФИЈА