Детска стоматологија

Третман со озон

Heal Ozone – КаVо
- без болка;
- без употреба на анестетик;
- без несакани ефекти;
- идеален за деца;
- идеален за пациенти кои имаат страв од стоматолози.



KAVO HEALOZONE 99.9 % без кариес! 100 % без болка!

Целта на третманот е да се зачува што е можно повеќе здрава забна супстанција, а третманот да биде сосема безболен. Сето тоа може да се оствари со HealOzone системот.

Што е HealOzone?

HealOzone е апарат кој произведува озон кој се користи во одредени стоматолошки процедури.

Третманот е сосема безболен. За само 20 секунди, озонот елиминира 99.9 проценти од бактериите кои се предизвикувачи на кариес.

Третман со озон: без стрес, без болка, без стругање!

Предности на HealOzone
БЕЗБОЛЕН!

Третманот со HealOzone е целосно безболен. Кај почетни лезии се користи без никакви инјекции, стружење на забот и сл. Идеален за целосна превенција кај деца.

ЕФИКАСЕН!

Озонот уништува дури 99.9 проценти од бактериите кои предизвикуваат кариес за само 20 секунди.

БЕЗБЕДЕН!

Озонот се аплицира во затворена средина и е докажано целосно безбеден.

ИДЕАЛЕН ЗА ДЕЦА!
МИНИМАЛНА ИНТЕРВЕНЦИЈА!
НЕМА ВОЗРАСНА ГРАНИЦА ЗА УПОТРЕБА НА HEAL OZONE!
НЕМА РИЗИЦИ И НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ!
Принцип на делување на озонот

Озонот е агенс кој го има и во природата, а кој е високо ефикасен анти-микробен агенс. Озонот брзо ги уништува бактериите, вклучително и бактериите кои предизивикуваат кариес, како и вируси и габи. Исто така озонот го помага процесот на реминерализација.

Што опфаќа третманот со озон?

Во самиот третман со озон се издвојуваат четири фази:

1. Дијагностицирање
2. Фаза на третман-апликација на озон
3. Фаза на заздравување-реминерализација
4. Фаза на реставрација

1. Дијагностицирање

Во оваа фаза се дијагностицираат и најраните фази во развојот на кариес. Тоа подразбира инспекција, употреба на ласер за детекција на кариес (ние користиме DIAGNOdent Pen), и евентуално правење на рентген снимки. Откако ќе се утврди природата и обемот на лезијата се подготвува план на терапија. Потоа забот се чисти од евентуални наслаги.

2. Фаза на третман-апликација на озон

Во оваа фаза се аплицира силиконска гума над површината која се третира и се аплицира озон - СОСЕМА БЕЗБОЛНО. Озонот ги уништува бактериите кои предизивикуваат кариес. Откако се уништени овие бактерии, веќе не се произведуваат штетните киселини, со што се спречува понатамошно оштетување на забот.

3. Фаза на заздравување-реминерализација

Калциумот од плунката, некои пасти за заби и флуоридите имаат реминерализирачки ефект и го зацврстуваат оштетениот заб. Овој процес трае различно зависно од првичната дијагноза. Кај одреден тип на пациенти се дава специјален сет за реминерализација (паста, спреј и течност за испирање) со кој пациентите го продолжуваат третманот во домашни услови неколку недели. Во тој период, во над 95% од случаите со правилна употреба се постигнува реминерализација.

4. Фаза на реставрација

Во оваа фаза се реставрира забот со тоа што големината и типот на реставрацијата зависи од големината на кавитeтот, и од тоа што докторот смета дека е најдобро во моментот за Вас.

Во превентивни цели или кај многу мали мали почетни лезии е доволно да се аплицира озонот (без стругање на забот), а потоа да се аплицира заштитен материјал.

Кај мали лезии е потребна минимална интервенција да се отвори емајлот за да се овозможи озонот да навлезе подлабоко. За оваа процедура не е потребна анестезија. По аплицирање на озонот, се става соодветен заштитен материјал.

Кај средни лезии кај кои постои кариес се користи стандардна техника на отворање на забот за што некогаш е потребна анестезија, по што се отстранува кариесот. Предноста на HealOzone во вакви случаи е што се редуцира стругањето на забот (максимално се штеди забната супстанција) и исто така значително се намалува ризикот да остане неотстранет кариес. Потоа забот се затвора најчесто со глас јономер кој го поттикнува процесот на реминерализација. По одреден период, глас јономерниот материјал може да се отстрани и да се замени со друг тип на реставрација.

Кај големи и длабоки лезии се користи исто така стандардна техника на отворање на забот и чистење на кариес. Вообичаено е потребна анестезија за оваа интервенција. HealOzone е особено корисен кај овој тип на лезии заради можноста значително да го намали ризикот од идно лекување на каналите.


 


Индикации за употреба на озон во стоматологијата

Озонот има широк спектар на апликација, а не е познато дека има било каков несакан ефект. Се користи:

- за третман на кариес: кариес во јамички и фисури, среден и длабок кариес, кариес на коренот на забот итн.;
- има одлични резултати во третманот на многу длабоки кавитети кои се близу до пулпата и каде постои потенцијална опасност за нејзино отворање;
- дезинфекција на коренските канали при нивно лекување;
- дезинфекција на забни површини (особено важно пред пломбирање, полнење на коренски канали, цементирање на коронки и мостови);
- лекување на афти;
- лекување на херпес;
- лекување на пречувствителност на вратот на забот;
- превенција кај пациенти со фиксни ортодонтски апарати.

Прочитајте повеќе HealOzone брошура 01 (PDF, 241KB) ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ДЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА