Детска стоматологија

Залевање на фисури

Залевањето на фисури претставува превентивна постапка со која се заштитува површината на забот на која е најголема веројатноста да се јави кариес.

Што се залевачи? Зошто се потребни залевачи?

Задните заби (молари и премолари) на нивната џвакална површина имаат јамички и фисури. Некои од нив може да бидат доста длабоки и многу тешко се чистат со класична четкичка за заби. На таквите места можно е да заостанат остатоци од храна со што се создава идеална средина за развој на бактерии, и на крајот и појава на кариес.

Залевачите на фисури претставуваат специјални материјали кои се аплицираат на џвакалната површина на забите (најчесто на моларите), а нивната цел е превенција од кариес.

Залевачите функционираат на тој принцип што ги исполнуваат овие јамички и фисури, делуваат како барирера за храна, плак и бактерии, овозможуваат полесно чистење, а со тоа и превенираат кариес.

Зошто залевање исклучиво со озон?

Фисурите се место кое е особено погодно за развој на бактерии. Се претпоставува дека не е можна комплетна елиминација на микроорганизмите со механичко чистење. Тоа значи дека под залевачот секогаш има присутни бактерии. Ако залевачот е интактен, бактериите ги немаат основните услови за нивна активност. Но, дури и мали промени во залевачот, како откршени рабови или сл. можат да предизвикаат проток на потребните супстрати на бактериите, и нивната кариогена активност може да продложи. Бидејќи самото залевање подразбира апликација на материјал над фисурите, детектирањето на кариесот може да биде значително отежнато заради залевачот кој се наоѓа над него.

Заради тоа, ние во нашата клиника препорачуваме залевање на фисури ИСКЛУЧИВО со озон.

Озонот ја дезинфицира површината на забот (вклучително и фисурите), и на таква чиста површина се става залевачот. На овој начин бактериите се елиминираат, а дури и во случај да попушти залевачот, кариесот нема да настане толку брзо.

ВИДЕТЕ ГИ ЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ЗА ДЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА