Пародонтална болест

Знаци на пародонтална болест

Дегенеративните и деструктивни процеси не се видливи со голо око, и заради тоа е од особена важност редовно да го посетувате Вашиот стоматолог кој ќе ги препознае првите знаци на пародонтална болест:






- крварење од гингивата (за време на четкање или спонтано);
- црвена, чувствителна или отечена гингива;
- издолжување на забите;
- заби кои се луксираат или изгледаат како да ја промениле позицијата;
- чувствителност на вратот на забот;
- непријатен здив.

Доколку имате некои од горенаведените симптоми или доколку сте заинтересирани како да превенирате пародонтална болест, контактирајте ја нашата ординација уште денес.