
Митот е застарен и срушен, телото НЕ го отфрла забниот имплант!

Пишува: Спец Д-р Димитар Нацевски
Едно од најчестите прашања што ги слушам во мојата ординација е: „Докторе што ако моето тело го отфрли имплантот?“. Време е еднаш засекогаш да го разбиеме овој застарен мит. Човечкото тело не го отфрла забниот имплант на начинот на кој тоа може да го направи со пресаден орган, бидејќи имплантот нема туѓи живи клетки.
Остеоинтеграција: како имплантот станува дел од телото
Денешните импланти се изработени од биокомпатибилен титаниум или циркониум, кои се докажано најбиокомпатибилни материјали. Процесот наречен остеоинтеграција овозможува коската природно да срасне околу имплантот и на тој начин гради еден вид биолошко - механичка врска со која имплантот станува дел од нашето тело. Сепак, за да се случи тоа, мора да бидат запазени одредени параметри и протоколи меѓу кои основни се имплантот да биде прекриен со доволна дебелина на коска од сите негови страни, да биде соодветно поставен во истата, правилно оптеретен како и да биде прекриен со соодветна дебелина и тип на меко ткиво односно гингива.
98%+ успешност со дигитално планирање
Денес, со помош на најновата технологија, 3D дигиталното скенирање и компјутерското планирање, стапката на успешност на процедурата е над 98%. Кога во исклучително ретки случаи имплантот нема да срасне, тоа исклучително ретко е реакција на „отфрлање“ од имунолошкиот систем. Најчести причини за тоа се бактериска инфекција (пери-имплантитис) како резултат на лоша орална хигиена. Научните истражувања потврдуваат дека неуспехот се должи на надворешни фактори кои можат да се контролираат со правилен начин на однесување после имплантолошката постапка.
Како специјалист имплантолог, одговорно тврдам дека овој страв припаѓа на минатото. Со современите дигитални методи, поставувањето имплант е брзо, безболно и трајно решение за вашата насмевка. Не дозволувајте застарените митови и дезинформации да Ве спречат да имате здрави и убави заби.
Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.

