Дентална рендгенграфија

Дентална рендгенграфија

Денталната рентгенграфија се бави со снимање на невидливите делови на забите и коските во усната шуплина со цел да се постави прецизна дијагноза, која е неопходна за  правилно планирање и водење на терапијата.

Рентген снимки, исто така познати како радиографи, се клучен дел од секој стоматолошки план на терапија. Тие се дијагностички средства, но исто така може да бидат и превентивни, бидејќи му помагаат на стоматологот да дијагностицира потенцијални проблеми во устата на пациентот пред тие да станат сериозен проблем. Рентггенските зраци се тип на енергија која поминува низ меките ткива и се апсорбира од густите ткива. Забите и коските се многу густи, и затоа ги апсорбираат рентген зраците, додека тие лесно поминуваат низ непцата и образите.

Рентген снимките се делат во две главни категории, интраорални и екстраорални. Интраоралните се снимки кои се прават внатре во устата, а екстраоралните се прават надвор од устата.

Интраоралните снимки се најчестиот тип а радиографи кои се прават во стоматологијата. Тие овозможуваат проверка на забите, коската и потпорните ткива со големи детали. Овие снимки им овозможуваат на стоматолозите да:

-пронајдат кариес
-да ги проверат корените на забите
-да го проверат коскеното ткиво околу забот
-да одредат дали има пародонтална болест
-да ја проверат состојбата на забите во развој
- да детектираат промени и процеси во внатрешноста на коската
-општо да го следат здравјето на забите од превентивни причини

Денталните рентген снимки кои најмногу се користат во нашата ординација се:

Ортопантомограм

Ние го користиме ортопантомограмот (панорамска снимка) за да ги визуелизираме двете вилици со сите заби во нив, како и коската, околните ткива, положбата на максиларниот синус, каналот на мандибуларниот нерв и виличните зглобови. Пред да се започне со било каков дентален третман, пациентот мора да направи панорамска снимка за да стоматологот ги има потребните информации за оралното здравје на пациентот. Се препорачува пациентите да прават ортопантомограм на 1-2 години.

Ретроалвеоларни снимки

Овие т.н. “мали” снимки се најчестиот тип на снимки кои се прават во стоматолошките ординации. Стоматолозите ги користат за дијагностички цели за време и по третманот.

Цефалограм

Ова е тип на екстраорална рентген снимка, која многу често се користи во нашата ординација за дијагностички цели во ортодонцијата. Со оваа снимка, ортодонтите го одредуваат односот на двете вилици меѓу себе, како и односот на вилиците со базата на черепот на пациентот.

Закажете преглед уште денес!

Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.
Закажете преглед уште денес!
Дентална рендгенграфија | Dental Clinic Margita Smileva