Детска Стоматологија

Детска Стоматологија

Детската стоматологија е специјалност која се грижи за здравјето на забите и устата кај децата. Педодонтите исто така особено внимание посветуваат на превенцијата, која вклучува инструкции за правилна исхрана, употреба на флуориди и практикување на орална хигиена.
Детската стоматологија е гранка на стоматологијата посветена на одржување и контролирање на денталното здравје на децата. Стоматолошките интервенции генерално се доживуваат како застрашувачки и болни искуства кои децата сакаат да ги одбегнат. Но, од голема важност е да се проверуваат млечните заби на децата за кариес од страна на детски стоматолог. 

Некои од проблемите за кои треба да се посети детски стоматолог вклучуваат:

Проблеми со никнување на забите

Треба да консултирате детски стоматолог доколку никнувањето на забите е задоцнето кај малите деца. Развојот на забите и вилиците треба да се одвива по одреден редослед за да му се овозможи на детето правилно да премине на цврста храна. Добра и навремена ерупција на забите е важна и за развојот на говорот.

Малоклузија или лошо поставени заби

Малоклузија е состојба во устата кога забите од двете вилици не се во добар правилен контакт кога устата е сосема затворена. Ова предизвикува проблеми при јадење и зборување. Малоклузијата може да предизвикува болка при гризење или повреди на внатрешноста на устата, непцата и јазикот. Детските стоматолози се одговорни за рано откривање на проблемите како лошо поставени заби и треба да го насочат детето на ортодонт.

Забен кариес 

Иако млечните заби ќе бидат заменети со трајни заби, сепак е важно тие заби добро да се одржуваат. Децата имаат зголемен ризик од развивање на кариес на забите, како и инфекции на забниот нерв, што предизвикува болка на забите. Зголемениот ризик се должи на тоа што тие повеќе јадат блага и леплива храна и не одржуваат толку добра орална хигиена како возрасните. Затоа, детските стоматолози често се среќаваат со кариозни заби во секојдневната пракса.

Гингивит и дентални абсцеси исто така се јавуваат кај децата како кај возрасните.

Зошто е важно да се посетува детски стоматолог?

•Редовни стоматолошки прегледи заедно со одржување на добра орална хигиена преку секојдневно четкање и чистење со забен конец им помага на децата да одржат здрави заби во текот на целиот живот.

•Залевањето на забите исто така помага во превенција на кариес кај млади трајни заби

Закажете преглед уште денес!

Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.
Закажете преглед уште денес!
Детска Стоматологија | Dental Clinic Margita Smileva