Пародонтологија

Пародонтологија

Пародонтологијата е специјалистичка гранка на стоматологијата кој ги проучува и третира болестите и состојбите кои ги афектираат потпорните структури на забите како што се гингивите, периодонталното ткиво и коската.
Тоа е гранка на стоматологијата која се заминава со дијагноза, превенција и терапија на болестите на потпорниот апарат на забите.

Пародонтологијата е наука за специјализираниот систем од тврди (коска) и меки ткива (гингива) кои се потпора на забите и ја одржуваат нивната положба во максилата и мандибулата (коските на черепот). Овие ткива заедно се нарекуваат пародонт.

Главната функција на пародонтот е да ја одржуваат положбата на забите во коската, но исто така служат како амортизер за време на џвакањето за да се спречи оштетување на забите кога подлегнуваат на јаки сили. Ткивата и забите функционираат заедно за да се штитат меѓусебно и да овозможат правилна функција при џвакање.

Пародонталните болести кои пародонтолозите ги лекуваат се многу чести во генералната популација и се последица на инфламација на пародонталните ткива (непцата). Гингивит е воспаление на непцата заради акумулација на бактерии на забите и меките ткива во устата. Гингивит се јавува барем еднаш во животот кај сите индивидуи. Овој одговор е одбранбен механизам со кој човечкото тело се бори против бактериите, но може да предизвика оштетување на ткивата доколку не се третира соодветно. Воспалението може да се прошири во внатрешноста на непцата и да го уништи пародонталниот лигамент и алвеоларната коска, со што се јавува пародонтална болест. Ова предизвикува загуба на потпората на забите, дури и загуба на самите заби кога болеста е во понапредна фаза.

Со соодветен совет и професионален третман вообичаено може да се сопре прогресијата на пародонталната болест. Главниот елемент е елиминација на бактериските наслаги (плак) кои ги забрзуваат патолошките процеси и воспоставување на одлична орална хигиена. Затоа, првиот чекор во пародонталниот третман се состои од запознавање на пациентот со неговата состојба и давање на инструкции за добра орална хигиена. Во оваа прва хигиенска фаза, важно е пациентот соодветно да одржува орална хигиена според дадените инструкции. Од друга страна, пародонтологот спроведува хигиенски процедури за да се отстрани забниот камен и бактериските наслаги од деловите на забите кои се потешко достапни за пациентот. Некогаш се дава и антибиотска терапија ако инфекцијата во ткивата перзистира и не се подобрува само со преземените хигиенски мерки.

По оваа прва фаза, се проверува пародонталната состојба и оралната хигиена на пациентот по неколку недели. Прогресот на болеста се проверува со сондирање за да се одреди длабочината на пародонталните џебови. Ако џебовите не се намалуваат (просторот каде бактериите имаат можност да го оштетуваат непцето и коската), на пациентот може да му се понудат други опции за нивен третман, што може да вклучува и хируршка интервенција. Понекогаш е неопходно да се изведе оперативно подигање на непцата за да може да се добие пристап до тие делови каде постои забен камен за да истиот може да се исчисти. Ова овозможува директен преглед за да бидеме сигурни дека таа област е добро исчистена. Во други случаи, можно е да се изведе регенеративна операција при што се третира загубата на коска и таа се регенерира за да се создаде подобра анатомска форма на местата каде коската има дефекти предизвикани од пародонталната болест. Во други случаи,  не е возможно да се регенерираат овие дефекти и тогаш се изведуваат операции при кои се ремоделира коската, а по потреба и непцето. По оваа хируршка фаза, се изведува и регенеративна фаза ако тоа е потребно. Во овој период се поставуваат импланти, дефинитивни протези, се изведуваат ортодонтски или други третмани кои ќе бидат соодветни за тој индивидуален случај.  Имплантите може да се постават само откако ќе се заврши со пародонталниот третман.

На крајот, успехот од долготрајната пародонтална терапија зависи од оралната хигиена на пациентот и професионалното одржување, како и советите од професионалците. Важно е да се продолжи со фаза на редовна проверка за да се проверува состојбата на пародонталните ткива и дали инфламацијата е под контрола. На овој начин се одржуваат резултатите од пародонталниот третман, се спречува повторувањето на болеста и може рано да се открие доколку се јават нови пародонтални лезии, а со тоа навреме истите да се лекуваат и да се информира пациентот како може да спречи нивно повторно јавување со соодветни хигиенски мерки.

Закажете преглед уште денес!

Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.
Закажете преглед уште денес!
Пародонтологија | Dental Clinic Margita Smileva