Реставративна стоматологија
Реставративната стоматологија е област на стоматологијата која се занимава со надоместување на структурата и функцијата на изгубени делови од забите предизвикано од кариес односно траума.

“Реставративна стоматологија” е термин кој професионалците го користат за да објаснат како ги заменуваат забите кои недостасуваат или се оштетени. Пломби, инлеи и онлеи, коронки, мостови и импланти се најчестите опции за реставрација. Целта е да се врати (да се рестраврира) природната насмевка, да се корегираат проблеми со загризот и да се спречат проблеми со оралното здравје во иднина.
Најчестиот начин на кој се надоместуваат оштетените заби е со директни композитни пломби. Во случаи каде забите имаат различни проблеми како кариес, структурни оштетувања како абразии, ерозии, истрошени заби, простори помеѓу нив итн., пломбите се индицирани за да се изврши корекцијата. Овие пломби можат да бидат од композит, гласјономер цемент или компомери – материјали кои се мешавина од двете. Амалгамот е исто така материјал кој се користел за директна реставрација во минатото, но не е толку чест денес заради естетскиот недостаток.
Од друга страна, забите кои имаат поголеми дефекти најдобро е да се реставрираат со индиректни реставрации кои вклучуваат инлеи и онлеи. Тие се сметаат за “индиректни” пломби, што значи дека се изработуваат надвор од устата (во дентална лабораторија) и потоа се поставуваат на забот од страна на стоматологот; во споредба со “директните” пломби, кои се поставуваат во кавитетот на забот од страна за стоматологот во само една посета. Инлеите и онлеите може да се изработат од различни материјали, вклучувајќи порцелан, композит, злато или други метали.
Коронките, мостовите и денталните импланти се посебно објаснети во други секции. Дознајте повеќе во деловите “Што да очекувате” и “Често поставувани прашања

Пломбирање
Процесот на пломбирање на забите е релативно лесен и едноставен и на Вашиот закажан термин би требало да планирате да се задржите околу 1 час. Во овој период, стоматологот ќе има доволно време да направи рентген снимки, ако е потребно, да го продискутира процесот со Вас и да ја изврши интервенцијата.
На почетокот на процедурата, стоматологот ќе ја анестезира устата со локален анестетик за да не чувствувате болка за време на интервенцијата.
Во некои случаи, стоматологот можеби ќе постави гумена заштита во Вашата уста за да овозможи полесен пристап до одредениот заб. Тоа помага да се спречи течностите или струготините од забот да навлезат во устата или грлото.
Потоа, стоматологот го отстранува кариозниот дел од забот. Кога забот е сосема исчистен од кариес и пред да се започне со поставувањето на пломбата, стоматологот ќе го испере и дезинфицира кавитетот.
При отстранувањето на кариозните маси се создава празен простор во забот. Во оваа фаза, стоматологот го пополнува тој простор со материјал како композит или гласјономер цемент. Просторот мора комплетно да се пополни, за да се спречи повторно навлегување на бактерии во тој дел и за да се заштити забот од повторно јавување на кариес. По пломбирањето, тој ќе го соструга и измазни забот за да немате проблем при џвакањето. Овој процес трае само неколку минути.
Трнењето на устата вообичаено трае неколку часа додека не помине дејството на анестетикот. Во тоа време, не треба да џвакате на страната на поправениот заб и да не јадете топла храна, за да не се повредите себеси. Треба да знаете дека поправаниот заб може да биде чувствителен на ладно и топло неколку дена до една недела по интервенцијата. Вообичаено, оваa сензитивност поминува сама од себе.
Инлеи/Онлеи/Оверлеи
Поставувањето на инлеј или онлеј е многу слично со поставувањето на коронка, со една важна разлика: за постава на инлеј или онлеј се отстранува помалку од забната супстанца.
Првиот чекор за постава на инлеј или онлеј е анестезирање на забот и околното ткиво со локален анестетик, и потоа отстранување на кариесот. Ова се прави со цел да се спречи кариесот, што е еден вид на инфекција, да прогредира подлабоко во забот.
Откако забот е припремен, се зема отпечаток (дигитално или со материјал сличен на пластелин) и тој се праќа во лабораторија. Таму, од отпечатокот се прави модел од Вашиот заб за да може да се изработи инлеј/онлеј. Финалната изработка може да се направи од керамика или смола со боја на забот.
Пред да заминете од ординацијата, на забот се поставува привремена пломба за да го штити додека се изработи трајната реставрација. На втората посета се поставува трајниот инлеј/онлеј, кој се цементира со специјален материјал.
Инлеите и онлеите се цврсти, долготрајни изработки кои не бараат никаква посебна нега. Правилното секојдневно четкање и чистење со забен конец, како и редовни професионални чистења во стоматолошка ординација е сè што Ви треба за да бидете сигурни дека Вашата реставрација ќе трае со години.
Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.