Ласерска стоматологија

Ласерска стоматологија

Ласерската стоматологија е современ метод кој употребува ласер и најчесто е употребувана при третман и оформување на гингивите, ендодонтски третман, орално хируршки интервенции.

Ласерската стоматологија е релативно нов пристап на изведување на стоматолошки процедури, кој вклучува употреба на ласери за третман на повеќе дентални состојби и заболувања. Редовно започнал да се користи во стоматологијата во 1980тите.

Ласерската стоматологија нуди можност за поудобен третман за голем број стоматолошки интервенции на меките и тврдите ткива во споредба со конвенционалните алатки.
ЛАСЕР е кратенка за “light amplification by the stimulated emission of radiation.” (светлосна амплификација преку стимулирана емисија на радијација). Инструментот создава светлосна енергија во еден тесен и концентриран зрак. Ова ласерско светло предизвикува реакција кога стапува во контакт со ткивото и овозможува ткивото да се отстрани или ремоделира.

Во нашата ординација, ласерот се користи во повеќе процедури, вклучувајќи ги:

•третман на хиперсензитивност на забите
•третман на заболувања на непцата
•дезинфекција при ендодонтско лекување на забот
•реобликување на гингивата (гингивектомија)
•детекција на кариес
•продолжување (елонгирање) на коронката на забот
•третман на херпес и афти
•помали хируршки интервенции
•стимулација на развој на папилите

Ласерите можат да ги направат стоматолошките интервенции поефикасни, поефтини и поудоби, едновремено правејќи ги побезболни.

Закажете преглед уште денес!

Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.
Закажете преглед уште денес!
Ласерска стоматологија | Dental Clinic Margita Smileva