Имплантологија
Имплантологијата е гранка на стоматологијата посветена на денталните импланти, кои се артефицијални ,,корени’’ на заби и ги заменуваат изгубените заби.

Имплантологијата е гранка на стоматологијата посветена на дентални импланти. Дентален имплант е вештачки корен на заб кој оралниот хирург или имплантолог го поставува во Вашата вилица, за да на него се постави нов заб или мост. Денталните импланти се идеална опција за луѓе со добро општо здравје кои изгубиле еден или повеќе заби заради пародонтална болест, повреда, или некоја друга причина.
Иако се смета за напредна технологија, денталните импланти се поконзервативни во однос на зачувувањето на природните заби од класичните мостови, бидејќи имплантите не се потпираат на соседните заби. Тие се титаниумски штрафови кои се поставуваат во коската, и врз нив се поврзуваат коронки или мостови со помош на абатмент, дел кој е конектор помеѓу имплантот и мостот или коронката.
Всушност денталните импланти даваат толку природен изглед што ќе заборавите дека воопшто сте изгубиле заб. Тие се заби кои изгледаат и се чувствуваат како свои. Прочитајте повеќе за имплантите во деловите “Што да очекувате” и “Прашања и одговори”.
Прва посета
Кога закажувате термин за постава на импланти треба да имате на ум дека првата посета е само информативен разговор помеѓу пациентот и докторот. Имплантологијата како најмлада гранка на стоматологијата бара прецизна дијагноза базирана на многу детална анализа на коската, ткивата, навиките, генералното здравје на пациентот, како и неговите желби, одлучноста и издржливоста во однос на ваквите тераписки интервенции. Хирургот ќе ги објасни сите предности и недостатоци на имплантите, како интервенцијата се изведува, типовите на импланти кои пациентот може да ги одбере и ќе го информира пациентот доколку се потребни дополнителни интервенции за правилен третман. Хирургот исто така ќе побара да се направи панорамска снимка, како и 3Д снимка, за да може да се направи прецизна анализа на коската во сите димензии.
На денот кога се поставува имплантот
Првото прашање што го поставува речиси секој пациент е дали интервенцијата е болна? Не. Оваа интервенција се изведува со локална анестезија и е комплетно безболна. Затоа на денот на процедурата, хирургот прво повторно ќе Ви го објасни текот на интервенцијата, па ќе Ви даде локален анестетик. Штом анестетикот започне да делува, хирургот со помош на неговиот асистент и стоматолошката сестра ќе ја започне интервенцијата. Кога е сè завршено, се поставуваат конци за затворање на раната и пациентот добива постоперативни инструкции, а потоа се закажува за контролен преглед. Во зависност од бројот на поставените импланти и од дополнителното додавање на коска или подигање на синусот, доколку е потребно, целата интервенција трае од еден до три часа.
По завршување на третманот
Откако интервенцијата е завршена, хирургот му објаснува на пациентот што сè треба да прави во следните неколку дена. Блага болка се очекува еден до два дена по интервенцијата, па затоа се користат аналгетици како ибупрофен. Во некои случаи се препишува и антибиотик. Многу е важно пациентот да одржува одлична хигиена во следниот период. Пушењето е забрането бидејќи го зголемува ризикот од неуспех. Конците се вадат две недели по поставувањето на имплантите.
Постава на протетиските надоместоци врз имплантот
Битно е да се напомене дека протетиските надоместоци врз имплантот (коронки, мостови) не се поставуваат во истиот ден кога е и поставата на самиот имплант. Тоа е затоа што на имплантите им треба 3-6 месеци за да се зацврстат во коската, преку процес кој се нарекува остеоинтеграција. Откако имплантите се интегрирани и имаат доволно стабилност, над нив може да се постават заби, односно коронки или мостови.

Закажете преглед уште денес!
Ако имате било какви прашања или сакате
да закажете преглед, контактирајте не преку
телефон или на следната контакт форма.
Нашиот тим ќе Ви одговори во најбрз можен рок.